Американската пејачка Мајли Сајрус рече дека сé уште чувствува сексуална привлечност кон жените, иако се омажила со актерот Лиам Хемсворт. Ова ѕвездата го призна за Ел.
“Ми се чини дека луѓето се измамени од фактот дека сум мажена. Мојата врска е уникатна. Не знам дали некогаш ќе си дозволам да зборувам јавно за неа, бидејќи таа е доста сложена, модерна, нова и не мислам дека сега луѓето се подготвени да ја прифатат. Се надевам дека не сакате да готвам ноќе во престилка во кујната. Јас сум во хетеросексуална врска, но јас сум привлечена и од жените “, призна Сајрус.
Мајли Сајрус стана ѕвезда на телевизискиот канал Дизни и објави два албуми песни по серијата Хана Монтана.
Пејачката вели дека не сакала да влезе во улогата на Хана Монтана веќе откако имала 18 години и имала секс за прв пат.
Оваа година го издаде својот седми студиски албум “She Is Coming”.