Горан Пандев го даде првиот гол на почетокот на второто полувреме од натпреварот во финалето од Лига на нации меѓу Грузија и Македонија на „Динамо арена“ во Тбилиси.
Акцијата во 54 минута му го донесе долгоочекувано водство на македонската фудбалска репрезентација.
Победникот од овој дуел ќе патува на Европското првенство (ЕП) во 2021 година, за првпат во историјата.