МакеДокс: Кон филмот „Дигитални доселеници“

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Актуализирање на филмски теми кои допираат до битствувањето на општествениот колективитет и негово менување кон Модерен човек како генератот на индивидуална трансформација, е секогаш интригантна тема кога во својата содржина ја носи идејата за Вештачкат интелигенција во судир со Човекот и човечкото.

Швајцарскиот краток документарниот филм „Дигитални доселеници“ ( Digital Immigrants/Norbert Kottmann, Dennis Stauffer) e критичка визуелизација што го допира несвесното, и преку факти и аргументи го посочува проблемот кој настанува од користењето на телекомунакациите и Интернетот.

Битието се разградува во идејата за современо општество, а индивидуата се разводенува потврдувајќи ја  јунговската теорија за модерниот човек и неговата потреба од барањето на душата. Карл Јунг ја поотенцираше и предвиде новата ера на современото битие изгубено во крајно капиталистичко општетсво во кое неурозата целосно ќе ја обземе човековата ментална состојба , а како одговор на ваквиот проблем ја посочуваше поедноставната па и рурална средина на живеење. (Modern man in a search for a soul/ Jung. C.G)

Орвеловскoто пророштво за создавање нов дискурс, нов речник на зборообразување, образование, превоспитување, контрола, нова меморија на бидување во општествен котекст е реалитетот на сегашноста кој го опишува фимот „Дигитални доселеници“.

Како се остварува визијата за иднината на човештвото која ја замислил Орвел? Развојот на  телекомуникацијата и интернетот ја потврди идејата  за навидум еден целосен, глобализациски свет кој интегрира, но последицата е всушност разголување на човековата интимност, крадење на „душата“ и целосен ескејпизам  од тоа да се биде во светот. Навидум наивниот речник кој се шири на социјалните мрежи е всушност менување на лингвистичкиот конструкт, создавање нова „урбана“ алијанирана генерација која конзумира едноставен, лесен начин на живеење.

Суштината на „Се е достапно“ како крајно капиталистички идеал го крие парадоксот на „Се е тука освен Ние“- се е овде во материјалниот свет на продуктите, освен човековиот баланс пренатрупан од информации кои овозможуваат целосно измислен простор, систем на фантастика и фикција која не е поврзана со сегашниот конструкт на живеењето. Човекот е во иднина, постојано е некаде, таму, во времето создадено од бизнис секторот и  политичката моќ.

Интересно е што дилемите за Вештачката интелигенција, интернет платформата, телекомуникациите се жестока тема во швајцарската интелектуална средина во изминатиот век, додека на Балканот овие теми биле отргнати од доминантноста на турбо-фолкот.  Режисерите се послужиле со архивски материјали на телевизиите во кои од 1950-тата се до крајот на изминатиот век ја бранувале швајцарската јавност со темата за Вештачката интелигенција.

Филмот низ нелинерана нарација поврзува минато и сегашност обидуваќи се да предупреди за идните последици од веќе прекумерното користење на телекомуникациите и Интернетот. Од друга страна го предвидува и новиот економски  систем, берзата на работа која ќе се одвива преку компјутер и поврзување на интернет платформата, која домовите ги претвора во канцеларии, а луѓето робови на егзистенцијата.

Развојот на телекомуникациите и Интернетот  уште еднаш се потврдуваат како крајно нехумани ако се земат во предвид и старите лица кои имаат намалени можностите за учење нови практики, а со тоа се оневозможува социјална вклученост и создава прикриена дискриминација, а со тоа стануваат „дигитални доселеници“ во општеството. / Вероника Камчевска