Македонците „дремат“ на „ОnlyFans“ – потрошиле над 2,8 милиони долари во 2025 година

Според листата на земји и нивните граѓани кои што трошат пари за платформата, Македонија се наоѓа 86-то место од вкупно 188 рангирани земји

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: Freepik/Креатива Локално

„Економијата на креаторите повеќе не само што расте – таа созрева“, вака стои во официјалните податоци со приходи на платформата со видеа со експлицитни содржини, „OnlyFans“. „OnlyGuider“ (најпопуларниот пребарувач на OnlyFans) открива скок на глобалните приходи на 7,2 милијарди долари, во споредба со 6,6 милијарди долари во 2024 година.

Според листата на земји и нивните граѓани кои што трошат пари за платформата, Македонија се наоѓа 86-то место од вкупно 188 рангирани земји. Македонците потрошиле 2,869,784.63 долари за услугите што е за скоро 370.000 повеќе од лани, со пораст од 14.82%.

Најголеми корисници и трошачи, според „OnlyGuider“ се Американците, Британците, Италијанците и Канаѓаните.

„OnlyFans“, платформа која им овозможува на креаторите да продаваат содржини директно на обожавателите, зема 20 отсто провизија од секоја трансакција, вклучувајќи видеа, фотографии и разговори. Популарноста на страницата нагло се зголеми за време на пандемијата на Ковид-19, особено меѓу сексуалните работници и јавните личности. Иако голем дел од содржината е експлицитна, на платформата се присутни и креатори од други области, како фитнес и кулинарство.

Слични содржини