Македонец и Босанец ограбиле жена од старечки дом во Хрватска

од Nikola Popovski

Загрепската полиција ја завршила истрагата за 29-годишен државјанин на Македонија и 35-годишен маж од Босна и Херцеговина, кој во моментов е недостапен, поради кражба во дом за стари лица во населбата Максимир. Тие се товарат за здружување за извршување кривично дело, тешка кражба и перење пари.

Откако кон крајот на јули 2021 година се вработиле во домот, за да ги извршуваат задачите на негувателките, двајцата ја искористиле немоќта и тешката здравствена состојба на едно повозрасно лице и ѝ го украле мобилниот телефон и картичката од банка. Од крајот на јули до септември истата година со картичката во шест наврати од банкомати подигнале вкупно 36.300 куни, информираат хрватските медиуми.

Кон крајот на јули, картичката ја користеле и за плаќање и потрошиле околу 200 куни. Вкупната материјална штета причинета со овие дела изнесува околу 11.820 евра.

По завршувањето на кривичната истрага, 29-годишниот осомничен државјанин на Македонија се наоѓа во притвор.

Слични содржини