Албанските власти привеле македонски државјанин кој се обидел да транспортира нелегални мигранти во Италија за одредена сума на пари, објави АТА, повикувајќи се на соопштение од албанската полиција.
Во соопштението се наведува дека за време на вчерашната проверка во областа на Тирана, двајца нелегални мигранти биле пронајдени во автомобилот на 41-годишен маж, државјанин на Македонија. Мажот е приведен на лице место, а за случајот е започната истрага, при што е утврдено дека се обидел да ги префрли мигрантите во Италија за надомест од 2.500 евра по лице.
Според полициските информации, во случајот е осомничен и 33-годишен албански државјанин од Драч, по кого интензивно се трага.