322
Припадници на српската Управа на сообраќајната полиција исклучиле од сообраќај двајца возачи поради пребрзо возење.
На автопатот од Ниш кон Белград кај Водње, полицијата запрела 59-годишен американски државјанин кој возел автомобил „БМВ“ со брзина од 252,3 километри на час, на делницата каде што брзината е 130 километри на час.
Исто така, денеска во 10.50 часот полицијата запрела 62-годишен државјанин на Македонија кој управувал автомобил „Ауди“ со брзина од 244,2 километри на час на автопатот Ниш-Белград кај делницата Михајловац, каде ограничувањето е 130 километри на час.
Против возачите ќе бидат поднесени прекршочни пријави.