Заврши јануарскиот преоден рок!
Трансферот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус е најголемиот зимски трансфер во Европа! Вредноста на овој трансфер е 81,6 милиони евра.
Второто место на листата на најголеми трансфери во јануарскиот преоден рок го зазеде Феран Торес, кој од Манчестер Сити се пресели во Барселона. Отштетата изнесува 55 милиони евра, а каталонскиот клуб оваа сума ќе ја плати на рати.
На третото место е репрезентативецот на Колумбија, Луис Дијаз. За фудбалерот на Порто беа заинтересирани бројни клубови од Премиер лигата, а во трката за потписот победи Ливерпул. „Црвените“ издвоија 45 милиони евра за одличното лево крило на Змејовите.
Нашинецот Дејан Кулушевски, инаку репрезентативец на Шведска, се најде на последното десетто место на оваа листа, откако премина на позајмица од Јувентус во Тотенхем.
Ова се топ 10-те трансфери според евиденцијата на угледниот „Трансфермаркт“: