Македонец уапсен во Подгорица баран со меѓународна потерница

од Берта Китинска

Сашко Ацевски (23) од Северна Македонија е уапсен во Подгорица по меѓународна потерница на НЦБ Интерпол Скопје, соопшти Полициската управа (УП).

Во соопштението се додава дека Ацевски се бара врз основа на наредба издадена од Затвор Идризово – Скопје, каде издржуваше петгодишна затворска казна, според пресудата на Основниот суд Скопје, за разбојништво.

-Од страна на истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица му одреди екстрадиционен притвор, се заклучува во соопштението на УП.

Слични содржини