Припадници на сообраќајната полиција во Белград исклучија од сообраќај 32-годишен маж од Северна Македонија, кој возел под дејство на алкохол, дрога и без возачка дозвола, соопштија српските медиуми.
Утрово во 4,43 часот полицијата на заплатната рампа „Врчин“ запрела возило „Порше Карера“ управувано од 32-годишен маж кој се движеше со брзина од 173,4 километри на час на автопатот Ниш-Белград, каде што брзината е ограничена на 130 километри на час.
Понатамошната контрола утврдила дека тој го управувал возило без положен возачки тест, а алкотестирањето утврдило дека тој возел со 0,28 промили алкохол во телото, додека тестот за дрога утврдил дека тој бил под дејство на кокаин.
Возачот е приведен во службените простории на полицијата и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.