183
Првиот човек во одбраната, министерката Славјанка Петровска утрово заедно со амбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Јарослав Лудва го потпиша Договорот за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади.
Според Петровска, има повеќе придобивки од договорот меѓу македонската и чешката влада.
-Зголемена борбена готовност на Армијата, унапредување на интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците, како и зајакнување и интензивирање билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република, нагласи министерката.
Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми -8МТ во период од 13 месеци.