Македонија најниско рангирана во регионот во однос на ПИСА тестовите и медиумската писменост

од Nikola Popovski
158 прегледи

Македонија има најлошите резултати во регионот во поглед на ПИСА тестовите, заедно со најнискиот резултат за индексот на медиумска писменост, од сите земји во Европа, покажува Извештајот за човековиот развој изработен од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

Претседателот Стево Пендаровски на денешната презентација на Извештајот напомена дека овој извештај потврдува уште една загрижувачка тенденција.

-Имаме слаби резултати и во рамки на тестирањето за ПИСА спроведено од ОЕЦД. Ниско сме рангирани и во однос на медиумската присменост. На пример, Финска, која е најдобро рангирана европска земја, има пет пати повеќе бодови за медиумска писменост од нас. Јасно е дека без соодветна здравствена заштита, квалитетно образование и медиумска писменост, тешко е да се очекува висок животен стандард, истакна Пендаровски.

Како што се забележува во Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), иако Северна Македонија имала мало подобрување минатата година, општата перцепција на корупцијата придонесува кон слабото владеење во државата и можноста за демократско назадување.

ИНЧР е индекс со кој се укажува на основните постигнувања во човековиот развој на глобално ниво, а и земја по земја. Тој го претставува нивото на на напредок за постигнување на посакуваниот човечки стандард на живеење во суштински области како што се образованието, долговечноста и економскиот развој.

Слични содржини