Европски сојуз за промени: Резултатите од тестирањето ПИСА се доказ за банкротирање на образованието

од Vladimir Zorba

Деновиве се објавија резултатите од меѓународното тестирање ПИСА, на кои Северна Македонија беше рангирана во последните 10 земји од вкупно 81 земја во кои е спроведено ова тестирање, а овој пад продолжува секоја година се послабо и полошо. Така и оваа година, било во резултатите од читање, од јазици, математика или природни науки, учениците од училиштата во нашата земја покажаа резултати кои се разочарувачки. Меѓутоа, крајните виновници за оваа лоша вест се тестираните ученици. Тие се жртви на системот што ја произведе оваа состојба на банкротирање на образованието, соопштува денеска Европскиот сојуз за промени.

„Партизацијата на образованието преку политичко именување на директорите, партиските вработувања, отсуството на учебници, отсуството на достоинствени објекти, со образовни политики кои не покажуваат никаков интерес за успех во образованието, а кои траат веќе неколку години, се само дел од причините за ваквата состојба во образованието. Во една држава која е фокусирана на црни бизниси, која е потопена во криминал, корупција и е фокусирана на развојот на игрите на среќа и казината, секако дека не може да очекува подобри достигнувања во образованието. Досега не видовме некого кој се фокусирал на образованието или кој имал некаков инвестициски план за поголем успех во образованието.

За жал, веќе неколку циклуси овој ресор го водат кадри на Демократската унија за интеграција, како и моментално, и тие се директните и соодветните виновници за ваквата состојба во образованието. Тие не понудиле ништо за квалитетно образование. Всушност, нивна единствена понуда била и е преобразување на училиштата, па и на универзитетите, во партиски ограноци и претпријатија за вработување на партиските милитанти. Нивната страст за политички монопол над образованието ги надмина дури и приликите од времето на комунизмот. Освен диференцијација на сите што не се со нив, исто како во времето на социјалистичка Југославија, кога Тито стана академик, и универзитетите од нашево време побрзаа партиските лидери да ги направат доктор хонорис кауса, со што го понижија универзитетот како „Заедница на наставници и студенти“.

Покрај тестовите ПИСА, за состојбата во образованието говори и провинцискиот менталитет кој сè уште се бори против наставата на мајчин јазик, како што беше случајот со учениците од Чашка.

Како и да е, Европскиот сојуз за промени потенцира дека ние ќе бидеме особено фокусирани на образованието, вложувајќи ја најголемата инвестиција токму во развојот на оваа поле. Не може да дозволиме уште да бидеме убијци на нашата иднина. Од мај следната година доаѓа нова ера не само за демократијата, економскиот развој и правдата кај нас, туку особено за образованието, за што ќе докажат и тестовите во наредните години“, порачаа оттаму.

Слични содржини