Македонија ѝ помага на Украина со нов воен пакет

од Nikola Popovski
68 прегледи

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски најави нов пакет помош кој Владата го подготвува за Украина. Со тоа, Македонија ќе се приклучи на барањата на другите земји членки на алијансата и на ЕУ да продолжи да го помага одвраќањето на руската агресија.

Од што ќе се состои помошта, ќе се знае по одржувањето на денешната затворена седница на Владата.

-Ќе продолжиме да помагаме. Затоа сме пријатели, кажа Мисајловски.

Инаку, С. Македонија досега во неколку транши достави помош за Украина, како во воена опрема така и во хуманитарна помош.

Како дел од воената помош, во Украина отпатуваа и тенкови од Тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Како што информираа на крајот на јули 2022 година од Министерството за одбрана, станува збор за „трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа“.

Во месец февруари, екс-претседателот Стево Пендаровски информираше дека С. Македонија беше меѓу првите земји којашто и пружи воена, техничка и хуманитарна помош на Украина и посочи дека досега имаме испорачано 12 пакети помош, со вкупна вредност од 60 милиони евра.

Слични содржини