Македонија, Албанија и Црна Гора ќе помогнат во обновување на градот Ирпин во Украина

од Nikola Popovski
307 прегледи

Северна Македонија, Албанија и Црна Гора ќе ѝ помогнат на Украина да го обнови градот Ирпин, кој се наоѓа на 26 километри од Киев и кој беше погоден од руската инвазија, објави украински „Бабел“.

Договорот бил постигнат на разговорите во Киев меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и албанскиот и црногорскиот премиер Еди Рама и Дритан Абазовиќ, додека македонскиот Димитар Ковачевски се приклучил преку видео-врска.

„Денеска имавме можност да го видиме Ирпин одблиску и навистина сум среќен што се согласивте со нашиот предлог, да ги здружиме напорите и да помогнеме во изградба на блок куќи за семејствата и децата од Ирпин. Знам дека Европската Унија и многу други се дел од овој напор, но ајде да го направиме тоа на балкански начин, без премногу бирократија“, изјавил Рама како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Зеленски и Абазовиќ.

Слични содржини