414
Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за дуелот со Холандија во понеделник, а според тоа последните информации може да настапиме без нашиот најдобар фудбалер и капитен, Горан Пандев.
Имено, фудбалерот на Џенова ја пропуштил претпладневната сесија на тренингот центарот на холандскиот прволигаш Ајакс поради проблеми со зглобот. Лекарскиот тим прави напори да го оспособи за настап в понеделник на „Јохан Кројф“ арената.
Дуелот од третото коло во групата Ц меѓу македонската и холандската репрезентација е на програмата в понеделникот со почеток од 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам.
Првите два натпревари против Австрија и Украина, ги загубивме со 3:1, односно 2:1.