Македонија денес го потпишува стратешкиот договор со Велика Британија вреден 6 милијарди евра

од Nikola Popovski
26 прегледи

Денеска во Лондон ќе биде заверен договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на  шест милијарди евра кои ќе бидат потрошени во инвестиции кои ќе носат додадена вредност на Македонија.

Спогодбата ќе ја потпишат заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас.

Посетата на британската метропола, Николоски, кој ја предводи владината делегација во која се и заменикот на премиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.

Нов договор со европска држава, најави премиерот Христијан Мицкоски пред два дена од Делчево. Во фокусот е реализацијата на странски инвестиции на цела територија на државата. Се преговара со седум инвеститори и се нудат сите технолошко-развојни зони. До крајот на месецов ќе бидат познати деталите.

Тоа значи дека Македонија ќе потпише и трет договор „Влада со Влада“, по ланскиот потпис на унгарскиот кредит и задолжувањето од официјална Будимпешта.

Слични содржини