Македонија е 125-та земја во светот по безбедност, според „Глобал Фајненс“

од Nikola Popovski
318 прегледи

Магазинот „Глобал фајненс“ ја стави Македонија е на 125. место на листата на безбедност на земјите, од вкупно 134 држави.

Споредбено со балканските држави, зад нас е само Босна и Херцеговина која се наоѓа на 130 место, а подобро рангирани се Србија (34 место), Словенија (47), Романија (51), Грција (58), Албанија (63), Хрватска (74), Бугарија (114), Црна Гора (121).

Најбезбедните земји на Глобал фајненс во светското рангирање се карактеризираат со ажурирани податоци и извори, нова временска рамка и ги содржат искуствата и ризиците на секоја земја од Ковид-19. На првите 10-места се наоѓаат: Исланд, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Сингапур, Финска, Монголија, Норвешка, Данска, Канада и Нов Зеланд.

Резултатот за безбедност на земјите зема предвид три основни фактори: војна и мир, лична безбедност и ризик од природни катастрофи, вклучувајќи ги и уникатните фактори на ризик што произлегуваат од ковид-19. Секој од овие фактори се заснова на извештаи за 2020 година, направени во 2021 година.

Филипините се на последното 134-то место.

Слични содржини