Македонскиот претставник на Генералното собрание на Обединетите нации гласаше против Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, поднесена од Руската Федерација – документ кој беше усвоен со 114 гласа „за“. Овој чин, стои во соопшѓтението на Левица, претставува надоврзување на неодамнешните срамни изјаснувања против народите на Палестина и Куба – народи кои со децении се борат за својата слобода и достоинство.
„Со ваквиот чин, македонската надворешна политика под раководство на министерот Тимчо Муцунски и премиерот Христијан Мицкоски, ја потврдува својата изолационистичка ориентација, која ја става нашата држава во редот земји кои редовно застапуваат антицивилизациски и нехумани вредности.
Ваквиот надворешно-политички пристап се заканува Република Македонија да ја претвори во мрачен и назаден елемент на меѓународната сцена, што е сосема спротивно на нејзиното историско наследство и суштински вредности. Република Македонија не е и никогаш не може да биде држава која ќе застане зад империјализмот и која ќе ги затвори очите пред новите форми на фашизам“, соопштија, меѓу другото, од опозициската партија.