Македонија ја победи Естонија во Скопје

од Vladimir Zorba
409 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада репрезентацијата на Естонија со 2:1 во натпревар од 5. коло во Лигатата на нациите, од групата Д.

Головите за „жолто-црвените“ на „Тодор Проески“ во Скопје ги постигнаа Иван Тричковски во 29-тата и Влатко Стојановски во 68-та минута.

За Естонците прецизен беше Рауно Сапинен во 52-та минута.

На овој натпревар настапивме без петмината стандардни првотимци: Горан Пандев, Езѓан Алиоски, Аријан Адеми, Столе Димитриоски и Енис Барди.

На едно коло пред крајот на групната фаза, нашата репрезентација е лидер во групата со 9 бода, додека Естонија има 2.

Слични содржини