Македонија на листата на 33 најзагрозени земји на кои им се заканува жед

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 

Светскиот институт за ресурси ја рангираше Македонија меѓу 33 држави на кои до 2040 година им се заканува криза со вода. Во индексот на недостиг на вода, објавен во минатата недела, Македонија се најде веднаш зад земјите кои се во најкритична позиција, а чиј степен на ризик Светскиот институт за ресурси го оценил со 5,0. Македонија е оценета со 4,7.

najvoda-590x396-495x400

Половина од 33-те земји со највисок ризик се од Блискиот Исток – Бахреин, Кувајт, Палестина, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Израел, Саудиска Арабија и Либанон.Capture-Voda

Користејќи палета од климатски модели и социоекономски сценарија Светскиот институт за ресурси преку стрес-тест ја анализираше состојбата со ресурсите на вода во 167 земји до наредните 2020-та, 2030-та и 2040 година. Тестот покажа дека 33 држави се соочуваат со исклучително висок ризик за вода. Проблемот со ресурсите на вода кај секоја држава е посебен. Така, во Македонија најкритично е оценета состојбата со вода за потребите на земјоделството 4,79, а потоа за индустријата 4,69 поени, додека состојбата со питка вода за населението е бодирана со оценка 4,59. Покрај Македонија, на оваа кризна листа се најде и Грција иако во поповолна позиција со збирна оценка од 4,2, при што најкритична е оценета состојбата со индустриската вода.

rizik-voda-1

До 2040 година кризата со вода ќе ја почуствуваат и некои од државите кои се најголеми креатори на светскиот раст, Кина, САД и Индија. Секако не во обоем каков што им се заканува на најзагрозените 33 држави, оценува Светскиот институт за ресурси.

Инситутот оценува дека недостигот на вода е иницијалниот мотив за некои од денешните воени конфликти, како на пример војната во Сирија, конфликтите меѓу Израел и Палестина… Но и потенцијален мотив за идни судири во други држави, па дури и фактор за креирање на државни политики.

Порастот на населението на глобално ниво и се поголемата популација во големите градови ќе ја зголемат потребата за вода за населението и за индустријата. Институтот алармира дека не е јасно од каде ќе се добие потребната вода ако се има во предвид дека климатските промени дополнително ќе ги намалат ресурсите на вода./БК