Македонија од плус седум до реми во Чешка!

од Nikola Popovski
237 прегледи

Ракометарите на Македонија одиграа нерешено против Чешка – 24:24 (13:10) и имаат повеќе од реални шанси за пласман на Светското првенство, бидејќи на свој паркет го играат реваншот, но имаат многу причини за тагување, бидејќи во второто полувреме водеа со 17:10 и 24:20 во еден момент.

Најефикасни во составот на нашите беа Филип Талески со пет, Кирил Лазаров и Гоце Георгиевски со четири и Стојанче Стоилов и Филип Кузмановски со по три гола.

На патот од големиот минус до ремито, Чесите беа предводени од Матеј Клима и Јакуб Хртска со по пет гола, а Томаш Бабак и Станислав Каспарек со по три гола.

Реванш натпреварот е во недела (17.04.2022) во 19:00 часот во Скопје во СЦ “Борис Трајковски”.

Први бараж натпревари за пласман на СП: Австрија – Исланд 30:34, Финска – Хрватска 21:34, Израел – Унгарија 32:33, Германија – Фарски Острови 34:26, Грција – Црна Гора 25:23, Словенија – Србија 31 : 34, Чешка – Македонија 24:24.

Реванш натпреварите се закажани за 16 и 17 април.

Слични содржини