Македонија од утре под лупа на ЕУ

од Vladimir Zorba

Со утрешното доаѓање на еврокомесарот Јоханес Хан започнува скрининг процесот во Македонија. Под лупа ќе биде ставено владеењето на правото, судството, корупцијата, слободата и безбедноста. Владата летото ја чека напорна работа со оглед дека ќе се чешлаат 33-те поглавја за Македонија, и треба да се  формираат 33 работни групи во кои ќе се ангажираат над илјада лица од институците и од граѓанскиот сектор.

Со денови заседаваат работните групи за формирање на Државната изборна комисија,  клучна за спроевдување на референдумот. Партиски договор нема, и доколку тоа не се случи, според Заев можна е и лидерска средба. Лидерската беше најавена по бриселскиот самит, а на неа, според најавите треба да биде и прашањето за референдум, конструкцијата и дилемата за тоа дали ќе биде консултативен или задолжителен.

Ова се случува во предворје на утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан. Со неговото доаѓање, Македонија и официјално го започнува скрининг процесот кој е претходница на почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.

Според агендата, Хан во текот на утрешниот ден ќе има средба со премиерот Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Инаку, скринигот подразбира дека Европската комисија ќе подготви распоред за поглавјата кои ќе се отвораат, а институции треба да ги обезбедат бараните податоци. Според неодамнешната изјава на еврокомесарот, скринингот е подолг процес, треба да се подготват сите 35 поглавја кои ги покриваат пристапните преговори, и како што рече, клучно е тоа да се направи за една година, пренесува 24 вести.

Слични содржини