Македонија одигра без голови со Романија

од Vladimir Zorba

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено, 0:0 со селекцијата на Романија. Ове е трето реми за „црвено-жолтите“ во третиот и последен меч од септемврискиот циклус квалификации за Светското првенство 2022.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа подобри, имаа повеќе шанси, шеесетина минути доминираа на теренот, но повторно останаа без целиот плен.

На другите две средби од 6. коло од Ј-групата, Ерменија и Лихтенштајн одиграа 1:1, додека Германија го совлада Исланд на гостински терен со
4:0.

По колс рунди, Германците се убедливо први на табелата со 15 бода, Ерменија има 11, Романија 10, Македонија 9, Исланд 4, Лихтенштајн 1.

Фото: ФФМ

Слични содржини