Македонија поканета на самит организиран од Бајден, извисија Србија, БиХ и Косово

од Nikola Popovski

Србија, Босна и Херцеговина и Косово не биле поканети на годинешниот Самит за демократија што ќе го организира американскиот претседател Џозеф Бајден.

Претставници на 100 земји, вклучително и Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, биле поканети да учествуваат, објави американски „Политико“, повикувајќи се на извори.

Бајден ќе биде домаќин на виртуелен самит на 9-ти и 10-ти декември, на кој ќе учествуваат претставници на владите, граѓанското општество и приватниот сектор.

Дискусијата ќе се фокусира на предизвиците и можностите со кои се соочува демократијата, а агендата на самитот се уште е строго доверлива, бидејќи тимот на Бајден работи на нејзиното обликување.

Американските функционери наведоа список на можни обврски што другите земји би можеле да ги преземат, како што е собирање средства за програми за медиумско образование или наметнување на извозни контроли на некои технологии со двојна употреба, пишува „Политико“.

„Коха.нет“ испрати прашање до Владата во Приштина за да потврди дали Косово е покането на овој Самит, но се уште не добиле одговор.

Слични содржини