Македонија помина црн викенд, коронавирусот зема се поголем замав

од Берта Китинска
140 прегледи

Црн викенд во Македонија за три дена од пандемијата, 130  семејства ги изгубија своите најблиски.

Здравствените експерти сметаат дека сме длабоко навлезени во третиот пик на пандемијата и предупредуваат дека бројот на починати ќе биде уште поголем.

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека многу хоспитализирани пациенти се со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква, како што рече, колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата. За зголемениот број на млади лица кои умираат иако немаат никакви хронични болести, Филипче вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.