Пред постигнување на консензус мора да има тензија, за владата Самитот е позитивен моментум
Германската канцеларка Ангела Меркел на лидерите на Бугарија и С.Македонија им порача на двајцата лидери да продолжат да соработуваат.
Германската канцеларка Меркел на Борисов и Заев им порача дека е важно да се согласуваат, но без да го преудицира исходот на преговорите..
Заев смета дека е важно да се зграпчи шансата, но Захариева утрово ги повтори тврдите позиции на Софија. Сепак од македонската влада велат Самитот е позитивен моментум во евроинтегративниот процес…
Oсмани: Mора да навикнеме на ваква тензија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во 24 анализа посочи дека е во тек датумот во декември е неизвесен и дека одлуката се носи на совет на министри за европски прашања и надворешни работи и кој требаше да биде денеска, но е одложен од претседателството на 17 ноември и со тоа се добиваат дополнителни денови зас усогласување на земјите членки за рамката.
„Ние ќе работиме до последната минута од последениот ден, за да може да испорачаме. Денеска имаме отворен разговор за сите прашања на двете страни, очекувањата и алтернативите и мислам дека беше добра основа да се продолжи понатаму. – рече Османи.
Тој рече дека разговарале одреден периос од неговата прва посета на Софија и комуникацијата не е престаната. Има разни очекувања до која фаза на договорот за имплементација е постигнато.
„Ние мора да навикнеме на оваа тензија пред постигнување на секој консензус. Од денот кога ќе ги почнеме преговорите, секоја годнина, дури и трипати кога има самити ќе бидеме под тензија дали ќе се постигне консензус на 27 држави за еден чекор.“ – рече Османи.
Kаракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја
Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги денешните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија.
– Ние го искажавме нашиот став, кој е јасен, недвосмислен и целосно се совпаѓа со рамковната позиција што беше усвоена од Парламентот во октомври минатата година. Објаснивме дека не можеме да правиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарскиот херој, на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави Каракачанов.