Македонија се придружува на Борбените групи на ЕУ

од Nikola Popovski
313 прегледи

Северна Македонија се придружува кон Борбените групи на Европската Унија, соопшти денеска Владата.

На онлајн прес-конференција, портпаролите на Владата соопштија дека на синоќешната седница била усвоена информација за учество на Северна Македонија во борбените групи на ЕУ, кои се дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата.

„Со тоа, нашата земја се приклучува на мултинационалната единица ХЕЛБРОК БГ со една единица, предводена од Грција, а во која во своите вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина. година“, изјавија портпаролите Душко Арсовски и Муамет Хоџа.