Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на „Cable.co.uk“, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“.
Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps.
Најбрз интернет во Еропа има на островот Џерси 264 Mbps лоциран меѓу Велика Британија и Франција, во Лихтенштајн 246,8 Mbps и во Исланд 229,4 Mbps.
Во Франција брзината на интернетот е 152.5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps.
Најбавен интерен во Европа имаат Хрватска 25,7 Mbps, Албанија 25,4 Mbps и Турција 24,8 Mbps.