Македонија со уште две екс-ју земји посакува организација на Европско во ракомет

од Nikola Popovski
18 прегледи

Претседателот на Ракометниот сојуз на Словенија (РСС), Бор Розман, ја објави можноста за организирање на Европското првенство за мажи во 2034 година од страна на Македонија, Србија и Словенија. Првиот човек на словенечкиот ракомет зборувал за ова на Собранието на РСС организирано во рамките на „Денот на ракометот“.

Според него, идејата на Словенците е да бидат домаќини на две групи во прелиминарната фаза од натпреварувањето, една група од главната фаза, како и едно полуфинале, додека финалето би се одржало во српската престолнина поради капацитетот на белградската Арена.

Според првичните размислувања, Македонија би била домаќин на група во првата фаза, како и на натпреварите од вториот сегмент.

Србија го организираше Европското првенство во 2021 година во машка конкуренција – осум години по Словенија, која беше домаќин во 2004 година. Македонија никогаш не организирала сениорско машко натпреварување.

Слични содржини