Македонија, Србија , Бугарија, Косово… или само Балкан!

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Македонија мора да го испочитува договорот со Србија и да гласа воздржано за приемот на Косово во Унеско без разлика дали ќе се гласа оваа година или следната вели премиерката на Србија Брнабиќ во интервју за РТС.

Изјавата на Брнабиќ доаѓа по  средбите на ниво на шефови на влади на земјите од регионот во Драч каде со премиерот Заев ставија точка на случувањата од минатата недела по дипломатскиот скандал. На новинарско прашање дaали Заев дипломатски избегнал да одговори за Косово Брнабиќ вели дека договор веќе постои и тој треба да се одржи.

„Видов што рече. Рече дека веројатно оваа година тоа нема да биде воопшто тема. Дека ќе видиме за следната година. Јас воопшто не би навлегувала во шпекулации дали оваа година ќе биде тоа тема или нема да биде тема. Важно е ако биде тема сите да се држиме до нашите договори. Како оваа година така и следната година. Во секој случај мислам дека ќе продолжиме со тој дијалог. Јас верувам во своите регионални партнери така што очекувам да го одржиме зборот. – изјави Брнабиќ.

Премиерот Заев  во Драч не конкретизираше кои се позициите на Македонија за влез на Косово во Унеско, само рече дека тоа нема да биде тема на дискусија оваа година. Сепак порача дека е ставено точка на дипломатскиот скандал, во кој Србија минатата недела го повлече својот персонал од амбасадата на Водно.

„Знам дека годинава нема да има апликација за Косово и дека нема да се дикутира. Во моментот кога ќе се збори за тоа, ќе имаме  посоодветни околности  за ова прашање“ – изјави премиерот Заев.

Дипломатскиот скандал доби нова димензија откако обвинителството во Р. Македонија ја прошири истрагата за настаните од крвавиот четврток за да го истражи учеството на српскиот разузнавач Живаљевиќ во Собранието и кој стои позади тоа. Европратеникот Анѓел Џамбаски пак во неодамнешно интервју за БТВ вели дека ова е само неуспешен обид за пресврт од страна на Србија кој не успеа.

„Неспорно Македонија е многу важна тема за нас. Зошто Србија постапува така. Откриени се во обидот за пресврт. Сакаа да направат пресврт. Водечки офицери од српското разузнавање беа на чело на атакот кој се случи во собранието на Р.Македонија и откриени се. Пресвртот кој сакаа да го направат беше во спротивно на интересите на Македонија но со тој чин сакаа да се наметнат и врз договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.“ – изјави европратеникот Ангел Џамбаски.

Во насока на подобрување на билатералната соработка меѓу Македонија и Србија премиерите на двете земји деновие  во Драч договорија и посета на Заев во Белград во ноември која треба да финишира со заедничка владина седница.

Во меѓувреме македонското обвинителство ја отвора истрагата за крвавите настани во парламентот , каде е лоцирано и  српкото разуззнавање пред настаните и на самиот настан со присуство на разузнавачот Живаљевиќ кој пак освен припадник на српската служба во тоа време беше  и дел од српската амбасада во Скопје.