Македонија станува членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот

од Nikola Popovski
302 прегледи

Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА.

Во Одлуката за прием на Република Северна Македонија во полноправно членство во ИХРА се истакнува високо признание на политиките на Владата и остварените резултати на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, како и во борбата против антисемитизмот, негирањето и искривеното толкување на холокаустот.

Полноправното членство ќе овозможи нашата земја рамноправно да учествува во процесот на донесување одлуки, како и во сите други активности на ИХРА, но едновремено значи и поголема одговорност и засилен ангажман во однос на темите со коишто се занимава ИХРА.

Една од темите којашто добива се поголема важност во работата на ИХРА, е и геноцидот и дискриминацијата на Ромите, а за што ИХРА ја има усвоено правната работна дефиниција против дискриминацијата на Ромите која со пристапувањето во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот, ја прифати и нашата земја.

Слични содржини