Женската ракометна репрезентација на С.Македонија со максимални три победи ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Скопје.
Вечерва совладана е Грција со 20:19, а до триумфот избраничките на селекторот Симе Симовски дојдоа потешко од очекувањата. На полувремето гостите имаа предност од 13:10.
Најефикасна во таборот на „црвено-жолтите“ беше Сара Ристовска со 10 погодоци, а меѓу најзаслужните за позитивниот резултат е и голманката Мицевска со девет одбрани од кои и последниот шут на противничките во самиот финиш од мечот.