Македонија трета година по ред ќе биде без претставник на Евровизија

од Nikola Popovski
18 прегледи

На Изборот за песна на Евровизија 2025 година во Базел, Швајцарија нема да учествува македонска делегација, што ќе биде трета година по ред без наш претставник на ова музичко натпреварување. Според информацијата во буџетот на националниот сервис МРТВ за 2025 година не се предвидени финансиски средства за ова натпреварување.

МРТ на своите сервиси ќе го пренесува престижниот музички настан, двете полуфинални вечери и големото финале.

Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја претставуваше Андреа Коевска, со песната „Circles“.

Иако не се натпреваруваме на Евровизија, земјава ќе има свој претставник на Јуниорскиот Евросонг, со оглед дека за ова натпреварување не се потребни големи финансиски средства.

Пејачката Тамара Тодевска, освојувајќи го осмото место на „Евровизија 2019“ во Тел Авив, Израел, го постигна најдобриот македонски резултат на овој престижен музички фестивал досега.

Слични содржини