Македонија У21 се враќа со три бода од Гибралтар

од Nikola Popovski
11 прегледи

Младата репрезентација на Македонија до 21 година во последниот натпревар од септемврискиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство 2025 успеа да забележи победа со 2:0 над селекцијата на Гибралтар.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја остварија третата победа во рамките на групата Ц од овие квалификации.

И во првиот натпревар помеѓу овие две селекции во Скопје, на националната арена „Тодор Проески” Македонија успеа да забележи победа со минимални 1:0.

Ване Крстевски во 24. минута ја доведува Македонија до предност, по одличното проигрување од Адеми.

Адеми во 42. минута ги поставува конечните 2:0.

Овие три бода делуваат како олеснување, со оглед на тешкиот пораз од 5-0 од Холандија пред три дена во Алмере.

Слични содржини