Денеска во Солун е закажан протест на кој главно барање ќе биде терминот Македонија да не биде вклучена во името на северниот сосед по интензивните преговори Скопје- Атина

Не е исклучена и можноста да се одржат повеќе различни демонстрации и во други градови но, со истата порака против името Македонија. Деновиве Грција , како никогаш досега е преплавена со написи и наслвни страници по медиумите поврзани со преговорите за името и изјави врзани со преговарачкиот процес
Демонстрации во Северна Грција, резолуции, собирање потписи, барање за референдум и не прифаќање на какво било име со терминот Македонија се дел од најавените активности во рамките на кампањата под името „Македонија значи Грција“. „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.
На специјално изработена интернет страница, се собираат потписи за резолуцијата до грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која бараат да не се користи терминот Македонија во името на нашата земја и доколку е потребно да се распише референдум во Грција.
Ципрас, пак, во интервју за неделното издание за весникот Етнос, од кое делови пренесе порталот Њуз 247, истакнал дека никогаш не постоела македонска нација во античко време, како што не постоела, ниту нација на атињаните и спартанците.
Во интервјуто што е објавено денеска, тој говори детално за прашањето за името, ги отвора картите за спорот меѓу двете земји, опишува какво име би прифатила грчката Влада и вели дека особено важно прашање е иредентизмот.
Што е поважно името или иредентизмот?

Очигледно дека иредентизмот е главната тема. Ако сакаме да најдеме одржливо решение треба да бараме име но и една поширока рамка за договор што нема да остава простор за иредентизам и историски неточни барања. Треба и двете страни да му пристапиме на проблемот со реализам и мудрост. Не треба да оставиме никаков простор за конфронтации меѓу двата народи затоа што оние работи што ги обединувасат се повеќе од оние што ги разделуваат, вели во интервјуто за Етнос грчкиот премиер Ципрас.
Тој не крие дека го разбира чувството на тие од Македонија, бидејќи и тој е половина МАкедонец по мајка, но вели дека е и свесен дека веќе 25 години соседите се признати од многу земји под името Република Македонија, иако тие се трудат со ПЈРМ и потенцира дека ако постои можност за решение што ќе ги отстрани овие негативни факти што се наметнаа во 1992, тогаш тоа ќе биде национална глупост да не се искористат.
Од друга страна, медијаторот во спорот околу името, Метју Нимиц, посочува дека не треба да се има сомнеж не се навлегува во идентитетот на државата, туку напортив тој се зајакнува.
– Вие имате силен идентитет, не само од осамостојувањето, туку и од време на поранешна Југ
оставија и од Отоманската империја, рече медијаторот Метју Нимиц во интервју за телевизија „Сител“.

Според Нимиц, не е тајна дека дека договорот е сеопфатен.
– Се обидов да ги опфатам најголемите проблеми и да најдам начин од интерес на двете страни. Според мене, со предлогот идентитетот е безбеден и со моите идеи е уште повеќе зајакнат. Предлозите ги напишав на четири страни и ги дадов на надлежните. Треба време да размислат, три до четири дена, а потоа да се разговора, истакнува Нимиц.
Тој најавува дека ќе ги посети двете земји во наредните 10 дена за да се најде компромис.