На меѓународниот индекс за перцепцијата на корупцијата во светот на „Транспаренси интернешнл“ Македонија е на 85-то место од 180 земји.
Од регионот пред нас се Словениа (41), Грција (51), Хрватска (57), Црна Гора (65), Косово (84). А Македонија на тоа место е во друштво со Суринам, Индија, Малдиви, Гвајана и Тунис. После нас се Албанија и Србија (101).
„На светот итно му треба акција“, пишува во насловот на Транспаренси интернешнл за светскиот индекс на корупцијата. Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година покажува дека повеќето земји не успеваат да ја запрат корупцијата.
Индексот рангира 180 земји и територии низ целиот свет според перципцијата на граѓаните на корупција во јавниот сектор, а се оценува со оценки на скала од 0 (многу корумпирана) до 100 (многу чиста).
На врвот на оваа ранг листа се Данска, Финска, Нов Зеланд, Норвешка, Сингапур, Шведска…
„Глобалниот мир се влошува веќе 15 години. Корупцијата беше и е клучна причина на ова. Корупцијата ја поткопува способноста на владите да ги заштитат луѓето и ја нагризува довербата на јавноста, провоцирајќи сѐ потешко да се контролираат безбедносните закани. Од друга страна, конфликтот создава можности за корупција и ги поткопува напорите на владите да го запрат“, вели Даниел Ериксон, извршен директор на Транспаренси интернешнл.