Македонките меѓу последните според висината во Европа

од Nikola Popovski
259 прегледи

Европејците, и мажи и жени, се едни од највисоките луѓе во светот. Специјализираниот статистички сајт „Landgeist“ објави нова анализа, споредувајќи кои Европејки се највисоки.

Според податоците на „NCD-RisC“, мрежа на здравствени научници од целиот свет, која соработува со Светската здравствена организација, Холанѓанките се највисоките жени во, не само Европа, туку и во целиот свет, со просечна висина од 170,4 цм. Тие се пред Црногорките (170,0 цм) и Данките (169,5 цм).

Според анализата, Македонките се претпоследни според просечна висина во Европа, со просек од 160,9 цм. Позади нив се само жителките на Кипар со просечна висина од 160,3 цм, додека пред нив се Португалките со просек од 161,2 цм.

Мажите во земјава, пак, во просек се високи 176,4 сантиметри. Највисоки се Холанѓаните 183,8, Црногорците 180,7 и Естонците 179,3, а најниски мажите во Кипар 172,7, во Албанија, 174,1 и во Бугарија 174,2 сантиметри.

Интересно е тоа што и холандските и црногорските мажи и жени се највисоки и втори највисоки во светот.

Светскиот топ 20 содржи 19 европски земји, а Доминика (180,2 см) на 20-то место е највисоко рангирана неевропска земја.

Слични содржини