Советот за надворешни работи на Европската унија за денеска ја закажа својата последна седница пред Самитот на Европскиот совет на која расправата за состојбата во Македонија е ставена како точка за расправа.лупа мкд еу

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, по предлог на Сојузна Република Германија и Велика Британија ќе расправаат и дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе расправаат за Македонија како централна точка на Советот.

Советот се уште нема консензус за прашањето за можноста за воведување на санкции кон поедини политичари од Македонија поради политичката криза која ја создадоа. Дел од земјите бараат и поддржуваат санкции додека мал дел се противат на ваквата одлука.

Инаку Самитот на Европскиот Совет, кој наместо во четврток и петок (23 и 24 јуни) како и секогаш, овојпат ќе се одржи на 28 и 29 јуни (вторник и среда) во Брисел, поради тоа што неделава се одржува референдумот за излез на Обединетото Кралство од Европската унија, па шефовите на државите и владите на ЕУ-земјите ќе го чекаат исходот пред да се сретнат.

Холандското претседателство со Унијата одлучи Советот за надворешни работи да не биде два дена пред Самитот на ЕС, како што е  вообичаено туку за денеска во Луксембург го закажа својот состанок . Покрај главната тема кризата во Македонија, че се  дискусира за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната ЕУ-политика за Арктикот и тренинг-мисијата за безбедносните сили во Либија.

Слични содржини