Македонски државјанин пронајден мртов во стан во Бујановац

од Nikola Popovski
206 прегледи

Во Бујановац во изнајмен стан е пронајдено безживотно тело на македонски државјанин. Станот бил во сопственост на Т.Б, жител на градот, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Врање, Србија.

Полицијата во Бујановац го известила дежурниот заменик на тамошното Вишо јавно обвинителство дека во Бујановац е пронајдено безживотно тело.

По излегувањето на увидната екипа на ПС Бујановац, во присуство на лекар и судски вештак, било утврдено дека се работи за А.Р.(30) од Скопје.

Извршена е истрага и вештачење на телото од страна на судски вештак, при што е утврдено дека нема траги кои би упатувале дека смртта е предизвикана од насилство.

Слични содржини