2,7K
Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во градот Бор уапсиле македонски државјанин со иницијали Н.Г., роден во 1973 година, бидејќи постојат основи на сомнение дека извршил тешка кражба.
Лицето е обвинето дека упаднало во магацин на кинеска компанија и украло околу 400 килограми високонапонски кабел, 134 килограми бакарен кабел, 79 килограми бронзени делови за работни машини и други предмети.
Полицијата ги пронашла украдените предмети и му ги вратила на сопственикот.
-По наредба на Основното јавно обвинителство Бор, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен пред судија, информираат од српското МВР.