260
Тело на починато лице вчера попладнето било пронајдено кај Урошевац, соопшти косовската полиција. Според информациите станува збор за 61-годишно лице, кое е државјанин на Северна Македонија.
Тамошната полиција соопштила дека телото било пронајдено во мотел на патот Приштина-Урошевац и дека случајот е окарактеризиран како сомнителна смрт.
Телото на починатиот било испратено во тамошниот Институт за судска медицина, по што ќе се соопштат повеќе детали, пренесуваат српските медиуми.
Од косовската полиција додаваат дека во собата во мотелот, заедно со починатиот имало и жена, по која полицијата трага.