Македонски државјанин се обидел да прошверцува 15 мигранти преку територија на Хрватска

од Nikola Popovski

Хрватските полициски службеници од граничната полициска станица Триљ ја завршиле кривичната истрага против 29-годишен државјанин на Република Хрватска и 22-годишен државјанин на Република Северна Македонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело незаконски влез, движење и престој во Република Хрватска, друга земја членка на Европската Унија или потписнички на Шенгенскиот договор, известиле од Сплитско-далматинската полициска управа.

Сакале да прошверцуваат 15 странски државјани

Вчера, 02.08.2023 година, во утринските часови во близина на градот Врлика, тамошните полициски службеници сопреле возило управувано од 29-годишен маж додека во него се превезувале 15 странски државјани за кои е констатирано дека илегално влегле на територија на Хрватска. Како што пишуваат хрватските медиуми, полициските службеници во близина затекнале и 22-годишно лице од Македонија, кое е осомничено дека требало да ги преземе и однесе наведените странски државјани во друга земја од Европската Унија.

Слични содржини