Македонски државјанин загинал во експлозијата во фабриката во Словенија

од Nikola Popovski

Од петмината загинати во силната експлозија во фабриката за хемиски производи Меламин во центарот на Кочевје, Словенија, двајца се државјани на БиХ, а еден е македонски државјанин, објавиле словенечките медиуми.

-Загинатите се уште не се идентификувани, соопштила полициската управа на Љубљана.

Од двајцата тешко повредени, кои се наоѓаат во Клиничкиот центар во Љубљана, еден е во многу лоша состојба, додаваат словенечките медиуми.

Генералниот директор на хемиската фабрика, Среќко Стефаниќ, вчера кога се случила експлозијата во таа компанија изјави дека се плашел дека загинале четири или пет лица кои се водат како исчезнати.

Според последните информации, во експлозијата во хемиската фабрика Меламин повредени се шестмина вработени, од кои четворица се полесно, а двајца тешко повредени и пренесени во Универзитетскиот медицински центар Љубљана.

Слични содржини