Македонски државјанин загинал во Црна Гора

од Берта Китинска

Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, во која загинал мотоциклист, државјанин на Северна Македонија, пишува „Вијести“.

Во несреќата учествувале два автомобилa и мотоциклистoт З.П. (54), кој починал на самото место.

Според Полициската управа, починатиот македомски државјанин живеел во Цетиње, а се движел кон Подгорица. Тој не носел заштитна кацига.

Поради полицискиот увид, сообраќајот на магистралниот пат од Подгорица кон Цетиње беше во прекин, поради што се формираа долги колони во двете насоки.

Фото: Вијести.ме

Слични содржини