Македонски граѓани се упатија кон Белград за да го поддржат Вучиќ (ФОТО)

од Nikola Popovski
753 прегледи

Денеска во Белград пристигнаа повеќе автобуси кои треба да присуствуваат на митингот на владеачката Српската напредна странка и да му дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. Покрај автобусите со домашни, низ градот биле видливи и оние со странски таблички, а дел од српските медиуми јавуваат дека утринава околу седум часот наутро на граничниот премин со Македонија, цела колона автобуси и автомобили биле забележани како се упатуваат кон главниот српски град.

Некои регионални организации, како што е новоформираното здружение во Скопје, самоиницијативно потврдија дека организираат превоз до Белград на големиот митинг. Здружението „Мир, слога, стабилност“ кое има свое седиште во зградата на поранешниот премиер Никола Груевски, објави на социјалните мрежи дека веќе се упатиле кон Србија.

-Многу нè има! Претседателот Александар Вучиќ ја има поддршка на Србите од Македонија и Македонците со српско потекло! Во огромен број се упативме кон Белград за да ја поддржиме политиката на мир, слога и стабилност, објавија од здружението.

Како што објави српскиот портал „Нова“, дел од поддршката од Македонија за Вучиќ се собрала во Врање, од каде заедно со тамошните граѓани се упатиле кон Белград.

Според објавените фотографии на здружението „Мир, слога и стабилност“, на поддржувачите во автобусите им биле поделени шишиња со вода.

Претходно српската редакција на телевизијата „N1“ дојде во Скопје и Куманово за да сними репортажа за здружението од Македонија кое организира превоз за партински митинзи.

Иако претседателот на ова здружение за „N1“ негира дека организира превоз, на телефонскиот број оставен во огласот, даваат детални информации за местото на поаѓање, како и дека има бесплатни сендвичи и вода.

Откако се случи незапаметената трагедија во основното училиште на Врачар, каде седмооделенец уби десет свои другари, Србија се крена на нозе, почнаа протести против насилството, организирана од опозицијата, па партијата на Вучиќ најави најголем митинг во историјата за овој петок.

Слични содржини