Македонски и српски хеликоптер од утрово го гасат пожарот кај Охрид

од Nikola Popovski
25 прегледи

Македонија се справува со пожарите на отворено. Сè уште активни десетина. Причините не се познати. Огнот се гаси и од земја и од небо. На терен противпожарните екипи деноноќно се борат со огнените јазици. На помош им се хеликоптерите од МВР, АРМ и екипи од системот за цивилна заштита од Европската унија. Критично е во Македонски брод. Деновиве екипи деноноќно се борат и со пожарите на Осоговските планина.

Два полициски хеликоптери, еден на македонското МВР и еден српски од утрово продолжуваат да гаснат во непосредна близина на Охрид, кај селото Косел.

Пожарот над Косел, Охридско, повторно се разгорува иако повремено локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола. Сепак, пожарот сè уште не е изгаснат, како изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Слични содржини