Македонски концепт: ДУИ не може да биде над Уставот, Македонија не е феудален имот на Ахмети

од Nikola Popovski
28 прегледи

Македонски Концепт најостро ја осудува скандалозната и антидемократска изјава на ДУИ дека „нема да дозволат” одржување на локалните избори. Оваа закана, според партијата, е директен напад врз демократскиот поредок на Македонија и јасен показател за, како што велат, криминално-мафијашката природа на оваа партија која со години ја узурпира државата.

-ДУИ не е државна институција, туку политичка партија која треба да ја почитува волјата на граѓаните, а не да се однесува како сопственик на државата. Нивниот обид да ги суспендираат изборите не е ништо друго освен акт на политичко насилство и обид за укинување на слободната волја на граѓаните. Македонија не е феудален имот на Али Ахмети и неговите следбеници, туку држава на сите граѓани, каде Уставот и законите се единствените што одредуваат кога и како ќе се одржат изборите, порачуваат од партијата на Петар Богојески.

Ако ДУИ мисли дека може да ги уценува граѓаните и институциите со своите закани, велат од Македонски концепт, треба да бидат свесни дека времето на политички монополи завршува.

-Македонскиот народ и сите граѓани на државата нема да дозволат една корумпирана партиска структура да ја укинува демократијата. Ги повикуваме сите политички субјекти, институции, граѓански организации и меѓународната заедница да ја осудат оваа опасна и противуставна реторика на ДУИ. Јасно е – избори ќе има, и никој нема право да ги спречи! Македонија не е заложник на криминални политички елити, стои во партиското соопштение.

Слични содржини