Македонскиот амбасадор во Хрватска: Тот немал наркотици во крвта

од Nikola Popovski
293 прегледи

Жал ми е за младиот живот, но сè уште не ја знаеме причината. Го имаме тоа што е официјално, од директорката на болницата и македонското МВР. Многу ми е жал за сето ова. Овој случај секако ќе биде истражен и за него јавноста детално ќе биде информирана, изјавил амбасадорот на Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи и додал дека обдукцијата утврдила дека Денис немал наркотици или други супстанци во крвта.

– Секако дека ќе има детална истрага. Директорката на болницата вели дека нема траги на насилство, дека не е убиство. Дека бил реанимиран, но дека на крајот умрел. Тој дошол со срцеви проблеми. Телото е предадено на обдукција, детално ќе кажат што се случило. Она што е сигурно е дека не бил под дејство на наркотици, немал никакви други супстанци во телото ниту во крвта, изјавил македонскиот амбасадор, пренесува хрватски „24сата“.

Да потсетиме, Денис Тот (27) почина во петокот на КАРИЛ. За жал, хрватскиот ракометар им подлегнал на повредите по што завршил во тешка состојба, од која не се опоравил.

Слични содржини