На тренерот на Игокеа и селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија Драган Бајиќ не му било дозволено да помине низ Косово, од каде што од Приштина преку Истанбул требаше да слета во Грузија, каде нашата репрезентација има квалификациски натпревар за Светското првенство, објави „Српска инфо“.
Бајиќ и Кошаркарскиот сојуз на Северна Македонија биле принудени да се снајдат, па Бајиќ 12 часа подоцна ќе замине со вториот лет од Скопје.
„Моментално сум во Скопје и едноставно сум шокиран кога ја добив информацијата дека не смеам да влезам на територијата на Косово.
Немам објаснување зошто се случи ова. На македонската федерација ѝ се создаде голем проблем затоа што едноставно се принудени да бараат алтернативни решенија како да стигнат до Истанбул за да можам да се сретнам со остатокот од репрезентацијата. Решението е најдено со проблем бидејќи нема да можам да тренирам со тимот бидејќи ќе треба порано да заминам за Истанбул“, изјавил Бајиќ.